Матичните клетки од папочно ткиво го трансформираа животот на момче со аутизам

This post is also available in: English (English)

Момчето Гејџ, кое било зачнато со ИВФ, се родило по природен пат после терминска бременост. Неговите родители избрале да го одложат клемувањето на папочната врвка, притоа превземајќи дополнителни мерки на претпазливост при зачувувањето на матични клетки по породувањето. И покрај тоа, на шест месечна возраст неговата мајка Рене била загрижена за неговото здравје откако забележала дека Гејџ се однесува необично. Ползењето на Гејџ било несиметрично, правел повторувачки движења и не воспоставувал контакт со очи.

Првично, неговите родители забележале дека ползењето е несиметрично, прави повторувачки движења и не можел да воспостави контакт со очи. На две годишна возраст, на Гејџ му било дијагностицирано ниво 2 Нарушување на аутистичен спектар. Ова значело дека ќе им биде потребна значителна поддршка во однос на вербалните вештини и развојот на учењето.
Одлучни да му помогнат на својот син на секој можен начин, Рене започнала да истражува за аутизам и набрзо наишла на можност за терапија со матични клетки. Со надеж дека ќе ги искористи матичните клетки од папочна крв на Гејџ кои биле колектирани и зачувани при раѓање, Рене се обидела да го стави Гејџ на листата за клиничко испитување на Универзитетот Дјук. Сепак, таа била разочарана кога дознала дека примерокот на Гејџ бил контаминиран за време на складирањето на матичните клетки. Во тој момент, смејството се преориентирало на мезенхимални матични клетки (папочно ткиво) од донирано ткиво за потенцијално лекување на аутизмот на Гејџ.

Кога се ближел третиот роденден на Гејџ, тој добил инфузија на матични клетки од Вартонова слуз од донирано папочно ткиво, при што експерименталната терапија ја извршил докторот на Гејџ недалеку од неговиот дом во Америка.
На изненадување на неговите родители, говорот му се подобрил по терапијата со матични клетки и четири инфузии со матични клетки подоцна, Гејџ сега е зборлест петгодишник кој следи настава во редовно училиште.

Терапијата со донираните матични клетки кај Гејџ била успешна, но се верува дека автологните матични клетки колектирани од сопствено ткиво или крв од папочна врвка на вашето дете, се поефикасни во терапија.

Доколку размислувате за зачувување на матични клетки за вашето дете, осигурајте се дека банката каде се чуваат матичните клетки е соодветно регулирана и  навремено ги проверува сите примероци за присуство на вообичаени бактерии или контаминации и нивната резистенција на антибиотици.