Q&A – ONLINE WEBINAR: „Pregnancy during COVID-19“

Ви благодариме што бевте дел од првиот вебинар организиран од Гинекаликс, на тема „Породување во време на COVID-19“. Се потрудивме обраќањето на нашите предавачи за овој вебинар да гo вклучи поголемиот дел од поставените прашања кои ни ги испративте. Подолу видео снимка од обраќањето на предавачите, нивните презентации и целосната листа на сите ваши поставени прашања и нивни одговори. 

 

 

Презентација: „Породување во време на КОВИД-19“

 

Презентација: „Зачувување на матични клетки“

 

ПРАШАЊЕ: Која е разликата во зачувување на матични клетки од папочна крв и папочно ткиво?
ОДГОВОР:
– Матичните клетки од крв на папочна врвка, уште попознати како хематопоетски матични клетки имаат способност да се диференцираат во сите типови крвни клетки и да послужат за нивна регенерација. Меѓу другото, тие служат за третирање на болести како што се: акутна и хронична леукемија, лимфоми (Hodgkins и Non-hodgkins лимфома), анемии (апластична, Fanconi анемија), нарушувања на имуниот систем и автоимуни болести, метаболни нарушувања и одредени типови на канцери.

– Матичните клетки од ткиво на папочна врвка, познати како мезенхимални матични клетки, имаат способност да се диференцираат во различни видови на клетки кои се градбени единки на органи, мускули, коски, кожа, сврзно и масно ткиво. Аутизам, церебрална парализа, дијабетес тип 1, Кронова болест, регенерација на срцев мускул и ревматиден артрит се само некои од нарушувањата каде потенцијално можат да се искористат овие матични клетки.

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6390367/

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4089750/

 

ПРАШАЊЕ: Што доколку се зарази бремена жена?
ОДГОВОР:
• Идентификација на пациентката
• Пациентката да носи маска, дезинфекција на раце
• Здравствените работници да носат ОЛЗ со соодветно ниво
• Предвид доаѓа тестирање на пациентката за КОВИД-19 доколку се исполнети критериумите
• Да се известат тимовите – акушер/акушерка, анестезија, педијатари, контрола на инфекции
• Царски рез треба да се направи кај стандардна индикација

 

ПРАШАЊЕ: Кои се потенцијални последици за плодот?
ОДГОВОР:
• Нема доволно студии за новороденчиња
• Да се внимава да нема контакт со мајката веднаш по породувањето.
• Исхрана: Формула, Исцедување на млеко и хранење преку шише, Доење со носење заштитна маска
• Децата немаат сериозни здравствени проблеми, но се преносители.

 

ПРАШАЊЕ: Дали и во државна болница доаѓате за земање на матични клетки ?
ОДГОВОР:
Колекцијата на матични клетки може да се изврши во било која здравствена установа каде што е договорено да се одвива породувањето. Во договор со нас, ќе Ви биде обезбеден сет за матични клетки, во било која болница и да одлучите дека ќе биде породувањето. Доволно е да го имате сетот за колекција и за останатото да не се грижите.

 

ПРАШАЊЕ: Која ви е понудата и цените за зачувување на истите?
ОДГОВОР:

Во однос на понудата можете да изберете еден од 4-те пакети:
– 20 годишно чување матични клетки од крв и ткиво
– 25 годишно чување матични клетки од крв и ткиво
– ЗЛАТЕН ПАКЕТ – 20 годишно чување од папочна крв & Outlook тест
– ПЛАТИНУМ ПАКЕТ 25 годишно чување од попочна крв & Outlook тест.

За дополнителни информации околу цената и погодностите во однос на плаќањето слободно исконтактирајте не.

 

ПРАШАЊЕ: Околу искуство на наши лекари специјалисти со матичните клетки, кога биле употребени во Македонија, некој пример за интервенција кога истите биле употребени во некоја наша клиника?
ОДГОВОР:

До сега, нема ослободен примерок на матични клетки од Futre Health за потребите на клиентите од нашата земја. Во однос на искуството на нашите клиники и нашите лекари, во мај 2018г. комплетно е реновиран Одделот за трансплантација при Универзитетската клиника за хематологија. Во рамки на овој Оддел, првпат во Македонија и пошироко во регионот ќе се извршува несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, која е една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина. Пациентите повеќе нема да треба да одат во странство за ваква трансплантација. Во рамки на посетата, министерот Филипче потенцираше дека пациентите на хематологија ќе се лекуваат во реновирани соби и простории според најсовремени светски стандарди. Исто така, посочи дека станува збор за пациенти кои се лекуваат од малигни заболувања на крвта кои бараат трансплантација на коскената срцевина. Во јануари 2019 направена е првата трансплантација на матични клетки од несроден донор во Македонија и со тоа е испишана историја во македонското здравство и остварен професионалниот сон на една цела генерација хематолози.

 

ПРАШАЊЕ: Дали постои прифатен став за начин на пораѓање на CОVID-19 позитивни пациенти?
ОДГОВОР:

Се започнува со спонтано породување, доколку нема апсолутна индикација за породување со царски рез, односно се постапува како и со секоја друга трудница. Доколку виталните парамтри се загрозени од COVID 19 тогаш породувањето се завршува со итен царски рез.
• Ограничена посета и лица кои се грижат за пациентката
• Соба за изолација со негативен притисок доколку во институцијата постои таква
• Аналгезија и анестезија – како и при рутинска работа
• Почест мониторинг на пациентките – симптоми, витални параметри
• Континуиран НСТ запис
• 3-то ниво (највисоко) на ОЛЗ во случај на процедура при која има продукција на аеросоли кога мајката ќе почне да напнува

 

ПРАШАЊЕ: Природно или со царски рез, бидејќи царскиот рез носи дополнителен ризик за компликации?
ОДГОВОР:

Доколку се е во ред се започнува со природно породување. Не значи доколку пациентката е позитивна на COVID 19 ќе се породи со царски рез.
1. Менаџмент при царски рез
• Операциона сала со негативен притисок доколку во институцијата постои таква
• Аналгезија и анестезија – како и при рутинска работа
• 3-то ниво на ОЛЗ и хауба во случај на процедура при која има продукција на аеросоли (пр. интубација,
сукција)
2. Менаџмент при вагинално породување:
• Ограничена посета и лица кои се грижат за пациентката
• Соба за изолација со негативен притисок доколку во институцијата постои таква
• Аналгезија и анестезија – како и при рутинска работа
• Почест мониторинг на пациентките – симптоми, витални параметри
• Континуиран НСТ запис
• Можна акушерска инструментална операција во тек на второ родилно време доколку респираторниот статус на мајката не дозволува напнување
• 3-то ниво на ОЛЗ во случај на процедура при која има продукција на аеросоли кога мајката ќе почне да напнува

 

ПРАШАЊЕ: На што треба да обрнеме екстра внимание, како трудници во време на Ковид-19?
ОДГОВОР:
• Бремените жени се наоѓаат во поранливата категорија на граѓани поради нивната општа состојба и зголемениот ризик од компликации во текот на бременоста. Но од друга страна, досегашните истражувања не покажуваат дека тие се поподложни на вирусот или дека се во поголем ризик да развијат сериозни симптоми.

  • Бремените жени кои се инфицирани со КОВИД-19 е многу поверојатно да имаат благи симптоми или воопшто да немаат симптоми и целосно да заздрават по одреден временски период.
  • Најновите истражувања покажуваат дека е возможно мајката да му го пренесе вирусот на фетусот во текот на бременоста, односно на детето при породувањето, но засега сè уште не се знае колкава е веројатноста и колкав број од бремените жени би биле засегнати.
  • Појавата на посериозни симптоми кај бремените жени (висока температура која трае повеќе денови, постојана сува кашлица, отежнато дишење, нагло губење на мирис или вкус, упорна дијареја со дехидрација) може да биде знак за инфекција на белите дробови, што бара итна медицинска грижа во болнички услови.

Ако овие симптоми се сериозни и не поминуваат по некое време, бремените жени треба веднаш да се најават по телефон, а потоа да дојдат во болницата или родилиштето.
• Бремените жени треба многу подисциплинирано да ги практикуваат мерките на социјална изолација за разлика од останатите луѓе, со цел да го намалат ризикот од инфекција. Ова особено се однесува на оние кои се во поодмината фаза од бременоста (по 24-та недела) или кои имаат срцеви и хронични болести.

 

ПРАШАЊЕ: Имаме зачувано матични преку Future Health и за првото дете, па дали и ова би можело да влијае врз цената за зачувување на матични клетки за второ дете?
ОДГОВОР:

За поволностите околу понудата како наш повторлив клиент и начинот на плаќање, слободно исконтактирајте не.

 

ПРАШАЊЕ: Колку често треба да се прави Кумбс-ов тест кај Rh- трудници, дали инјекцијата се прима задолжително?
ОДГОВОР:

Кумбс-ов тест кај Rh- трудници се прави еднаш, пред 20г.н. Доколку е позитивен, се прави проценка во која г.н. е најсоодветно да се прими anti-D(rh) immunoglobulin терапија.

 

ПРАШАЊЕ: Дали при природно породување задолжително е носење на маска?
ОДГОВОР:

Заштитната маска на здравствениот работник не смее да се извади сè додека не се смести пациентката во посебен оддел за изолација. Пациентките исто така треба да носат заштитни маски. Пациентките кои чекаат резултат од претходно земен брис за SARS CoV2 се третираат како позитивни за КОВИД-19 сè додека не се обие резултатот. При природно породување пациентката е задолжително да носи маска.

 

ПРАШАЊЕ: Постојат ли лекарства кои се применуваат во лекување на Ковид-19, а кои не се штетни за плодот?
ОДГОВОР:
· Paracetamol FDA pregnancy category C or N (N=not assigned)
· Azithromycin (Sumamed) FDA pregnancy category B
· Chloroquine (Resochin) FDA pregnancy category C or N
· Hydroxychloroquine (Plaquenil) FDA pregnancy category C or N
· Lopinavir-Ritonavir (Kaletra) FDA pregnancy category C
· Remdesivir FDA pregnancy category N (во експериментална фаза, сè уште не е одобрен од FDA)
· Oseltamavir (Tamiflu) FDA pregnancy category C
· Interferon beta-1a (Avonex) FDA pregnancy category C
· Interferon beta-1b (Betaseron) FDA pregnancy category C

(Ревматолозите, кај трудници со лупус или ревматоид артритис, редовно ординираат  Plaquenil/Resochin во бременост (НЕ во прв триместар!), по 1 таблета навечер пред спиење, заедно со витамини за очи на пример: Maculin, EyeVit Health Aid, EyeVit Plus, итн.)

 

ПРАШАЊЕ: Дали има шанса бебето да се зарази со Ковид-19 при процесот на породување доколку мајката е заразена?
ОДГОВОР:

Веднаш по пордувањето бебето се префрла со посебен оддел во изолација и е без контакт со мајката, со тоа шансите да се зарази се минимални.

 

ПРАШАЊЕ: Дали пред породувањето протоколарно се прави тестирање за Ковид-19 или кога? Дали се прави воопшто ако нема индиции според епидемиолошката анкета?
ОДГОВОР:

Во момоментов се тестираат оние пациентки кои имаат позитивна епидемиолошка анкета или имаат симптоми. Пациентките кои чекаат резултат од претходно земен брис за SARS CoV2 се третираат како позитивни за КОВИД-19 сè додека не се добие резултатот.

 

ПРАШАЊЕ: Дали зачуваните матични клетки од првото дете може да се користат во случај на потреба и за следно дете / Дали зачувувањето на матичните клетки може да даде бенефит и кај близок член од потесното семејство, дококлу некој член има потреба од тоа?

ОДГОВОР:

Колекцијата на матични клетки од папочна крв е 100% компатибилна со самиот донор (бебето) со тоа што шансите за компатибилност се најмалку 25% за потесниот круг на семејството (брат/ сестра, мајка, татко). Доколку дојде до таква ситуација потребна е и дополнителна HLA генска типизација. Матичните клетки од папочно ткиво се компатибилни и со несроден реципиент, кој не е во крвно сродство со донорот.

 

ПРАШАЊЕ: Што ако имаме предвремено породување, a сме заразени од вирусот.
ОДГОВОР:
Независно од терминско или предвремено породување, протоколите се исти.

  • Симптоматските пациенти и оние со позитивен тест, а блага симптоматологија најдобро е да се советуваат телефонски со матичен гинеколог, со цел да се процени нивната потреба од болничка помош или дополнително тестирање; тие генерално треба да се самоизолираат 14 дена. Лична посета не е индицирана ако симптомите се благи.
    • Симптоматските пациенти кои пристигнуваат во болница или амбуланта, кои се сомнителни или КОВИД19 позитивни, веднаш по правило да се изолираат во оддел претходно одреден за тоа, со соодветна ОЛЗ според претходно назначеното ниво со хируршка маска II R (или N-95, FFP3).
  • Заштитната маска не смее да се извади сè додека не се смести пациентката во посебен оддел за изолација. Пациентките исто така треба да носат заштитни маски.
    • Пациентките кои чекаат резултат од претходно земен брис за SARS CoV2 се третираат како позитивни за КОВИД-19 сè додека не се добие резултатот.
    • Во секоја единица треба да се создадат соодветни одделни простории за изолација за суспектни пациенти со КОВИД-19.

– Пациентката да носи маска, дезинфекција на раце
– Здравствените работници да носат ОЛЗ со соодветно ниво
– Да се известат тимовите – акушер/акушерка, анестезија, педијатари, контрола на инфекции

 

ПРАШАЊЕ: Кои се можните последици за бебето во случај да прележи Ковид-19?
ОДГОВОР:
• Нема доволно студии за новороденчиња
• Децата немаат сериозни здравствени проблеми, но се преносители.

 

ПРАШАЊЕ: Зашто матични клетки од папочна врвца, а не од коскена срцевина?
ОДГОВОР:

Матичните клетки се наоѓаат во поголеми размери во крвта на папочната врвца. Всушност, некои експерти велат дека крвта од папочна врвца содржи скоро 10 пати поголема количина на матични клетки од оние кои се наоѓаат во коскената срцевина. Се верува дека матичните клетки кои се наоѓаат во крвта од папочната врвца имаат поголеми регенеративни својства бидејќи се помлади од оние во коскената срцевина.

HLA е маркер на имуниот систем кој се користи за препознавање на туќи клетки. HLA ткивните типови се наследуваат така што при трансплантација на матични клетки од коскена срцевина се препорачува донорот да биде член на фамилијата (идеално би било да биде брат/сестра). Ова е генерален проблем бидејќи 70% од донорите немаат соодветен донор во фамилијата. Како и да е бидејќи матичните клетките од папочната врвца се сметаат за почисти а со тоа и поприлагодливи, генерално не е потребно да се бара HLA совпаѓање.

Трансплантациите на матични клетки се со голема побарувачка, при што над 30.000 лица имаат потреба од започнување на постапка за барање на соодветен донор. Проблемот е во тоа што чекањето на соодветен донор често може да го спречи поединецот да има постапка. Од оваа причина, 70% од овие лица не можат да најдат донор што одговара. За жал, за некои лица, како што се оние со потешки видови на карцином, овој недостаток на третман може да биде фатален. Зачувувањето на матични клетки од папочна врвца помага во олеснување на овој проблем, бидејќи нивните капацитети за складирање на банките ја прават крвта на папочната врвца достапна за оние кои имаат потреба.

 

ПРАШАЊЕ: Дали доколку се зарази бремена жена со Ковид – 19, постои зголемен ризик од предвремено породување и компликации во пораѓај?
ОДГОВОР:

Во бременост заразувањето со било кој вирус може да биде тригер фактор за предвремено породување, меѓутоа тоа како би влијаело на компликациите во породувањето зависи од самата природа на компликациите. Независно од термниско или предвремено породување, протоколите се исти.

  • Симптоматските пациенти и оние со позитивен тест, а блага симптоматологија најдобро е да се советуваат телефонски со матичен гинеколог, со цел да се процени нивната потреба од болничка помош или дополнително тестирање; тие генерално треба да се самоизолираат 14 дена. Лична посета не е индицирана ако симптомите се благи.
  • Симптоматските пациенти кои пристигнуваат во болница или амбуланта, кои се сомнителни или КОВИД19 позитивни, веднаш по правило да се изолираат во оддел претходно одреден за тоа, со соодветна ОЛЗ според претходно назначеното ниво со хируршка маска II R (или N-95, FFP3).
  • Заштитната маска не смее да се извади сè додека не се смести пациентката во посебен оддел за изолација. Пациентките исто така треба да носат заштитни маски.
    • Пациентките кои чекаат резултат од претходно земен брис за SARS CoV2 се третираат како позитивни за КОВИД-19 сè додека не се добие резултатот.
    • Во секоја единица треба да се создадат соодветни одделни простории за изолација за суспектни пациенти со КОВИД-19.

– Пациентката да носи маска, дезинфекција на раце
– Здравствените работници да носат ОЛЗ со соодветно ниво
– Да се известат тимовите – акушер/акушерка, анестезија, педијатари, контрола на инфекции

 

Се надеваме дека одговоривме на вашите прашања.

 Ја очекуваме Вашата предлог-тема за некој од следните вебинари!