Резултати од студијата за аутизам на Универзитетот Duke

This post is also available in: English (English)

Во 2017 година, беше започната иницијална студија со цел да се докаже дали третманот со папочна крв може да ги подобри симптомите од спектарот на аутистични нарушувања (ASD) кај малите деца. По спроведените Фаза I и Фаза II клинички испитувања, резултатите беа објавени во списанието за педијатри (Journal of Pediatrics) во Јуни 2020.

Иницијалната Фаза I од клиничките испитувања беше изведена на 25 деца со аутизам, на возраст од 2-6 години. Заклучокот од овие испитувања е дека приближно 70% од децата покажале подобрување кај минимум еден или повеќе основни симптоми на болеста. Рандомизираната, плацебо – контролирана Фаза II студија, предводена од Др. Joanne Kurtzberg и Др. Geraldine Dawson, беше дизајнирана за да ги потврди овие пронајдоци преку евалуација на ефектите на автологната и алогената папочна крв кај 180 деца.

 

Децата коишто беа дел од оваа студија се на возраст од 2-7 години и кај сите беа потврдени случаи на аутизам без познати генетски причини. Потпирајќи се врз основа на претходни резултати, децата коишто имале IQ за невербална комуникација >70 покажале најголем напредок после инфузија на автологна папочна крв. Поради тоа токму оваа група на деца е земена во оваа студија.

 

Фаза II од клиничките испитувања вклучуваше 60 пациенти на кои им беше дадена инфузија со автологна папочна крв, кај 60 пациенти инфузија на алогена папочна крв и на 60 пациенти им беше инјектирана плацебо доза. Децата коишто примиле автологна папочна крв морале да имаат 25 милиони клетки на килограм телесна тежина. Оние кои имале помалку клeтки од оваа бројка, добиле папочна крв од соодветен HLA несроден донор.

 

– Во текот на последната студија, не беа забележани сериозни негативни ефекти.
– На скалата за социјализација, не беа пронајдени придобивки од папочната крв над плацебо дозите, но оваа анализа имаше недостатоци бидејќи само 101 од 180 деца опфатени во студијата имаа IQ за невербална комуникација >70.
– Минималниот потребен број на испитаници е 143.
– Во однос на папочната крв, забележани се значителни подобрувања кај деца на возраст од 4-7 години со IQ за невербална комуникација >70.
– Во најголем број од случаите, не беа утврдени предности во однос на алогените или автологните матични клетки од папочна крв. Сепак, на Clinical Global Impression-Improvement scale, само децата кои примиле алогена папочна крв покажале подобрување во однос на плацебо дозата.
– Во оваа студија, алогена крв од папочна врвка била дадена во поголема доза од автологна папочна крв, што значи дека не е можно да се знае дали оваа предност се должи на клеточен извор или на зголемената доза.

 

 

Како заклучок, овие резултати покажуваат охрабрувачка вест за деца на возраст од 4-7 години со IQ за невербална комуникација >70. Особено, забележани се подобрувања во комуникацијата, следењето на очите и во резултатите од скенирањето на мозокот на ЕЕГ.
Врз основа на лекциите коишто ги научила од оваа студија, Др. Joanne Kurtzberg неодамна започна клиничка студија од Фаза II, која ги испитува мезенхималните матични клетки (MSCs) за лекување на аутизам.

 

Референци:
https://parentsguidecordblood.org/en/news/results-duke-act-study-cord-blood-autism-inside-scoop-dr-kurtzberg