Дали знаевте дека аутизмот претставува доживотна развојна состојба?

Аутизмот претставува доживотна развојна состојба која ги погаѓа комуникациите и односите со другите луѓе.
➡Потешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација
➡Потешкотии во социјалната интеракција
➡Потешкотии со фантазијата и внатрешниот говор
Раната дијагностика и интервенција се клучни за подобрување на долгорочните резултати на децата со нарушување на спектарот на аутизам.

Истражувачите развија модели за машинско учење кои ja проценуваат поврзаноста меѓу стотици клинички истражувања, вклучувајќи посети на лекар и услуги за здравствена заштита за навидум неповрзани медицински состојби, за да ја предвидат веројатноста за нарушување на спектарот на аутизам кај малите деца.

Научната литература во оваа област сугерира дека децата со нарушување на спектарот на аутизам, исто така, често имаат повисоки стапки на клинички симптоми, како што се различни видови инфекции, гастроинтестинални проблеми, напади, како и индикации за однесување.

Истражувачите ги внесоа податоците во моделите за машинско учење, обучувајќи ги да проценат стотици променливи состојби за да најдат корелации кои се поврзани со зголемена веројатност за нарушување на спектарот на аутизам.

Истражувањата докажаа дека кога се комбинира моделот со алатката за скрининг, имаме многу ветувачки пристап за лекарите и загарантиран успех.
Поради тоа медицинската анамнеза игра голема улога во детекција на аутизмот кај децата.

May be an image of 2 people, child and text