Единаесетта недела бременост – Што да очекувате?

Пред вас е 11. недела од бременоста и со голема радост ви кажуваме дека најкритичниот период во развојот на плодот е завршен.

Вашето бебе расте навистина брзо! Тоа сега е долго околу 4 сантиметри. Ако го споредиме со големината на овошјето, тоа би било слива.

Имате мачнини? Поради бременоста или поради тежината што ја покажува вагата?
Добивањето на тежина во првото тромесечје кај секоја трудница е различно. Некои брзо добиваат неколку килограми, а кај други тежината воопшто не се менува, додека оние кои се борат со мачнини можат дури и да изгубат некој килограм. Сите можности се сосема природни и безопасни, секако, под претпоставка дека редовно и здраво се храните.
‼️Немојте да ги прескокнувате оброците!

Дали знаевте дека просечна трудница во првото тромесечје секој месец добива по 0,5 – 1 кг?

Следува период на интензивен раст на бебето и до крајот на оваа или следната недела, ќе почне да функционира и плацентата.

Обидете се да се одморите и да уживате во престојниот период.

May be an image of 1 person and text