Дали иднината е навистина запишана во гените?

Дали иднината е навистина запишана во гените?

Краткиот одговор е: да, но не целосно и не до крај.

Варијациите на ДНК како и сѐ во Универзумот е подложно на неодреденост, односно случајност на молекуларно ниво. Гените ги поставуваат правилата на играта, но крајниот резултат зависи од играчите. Ова е особено точно за мозокот, поради нелинеарниот само-организирачки развој каде многу мали разлики во еден стадиум може да имаат каскадни последици кои се засилуваат со секој нареден развоен стадиум.

Дури и кај идентични близнаци, чии мозоци структурално се практично идентични, сепак постојат значајни функционални разлики. Ова се манифестира како разлики во интелигенција или карактер. Мора да се напомене дека ова не се епигенетски варијации, туку дел од самиот внатрешен развоен процес. Во моментот кога се раѓаме, нашите мозоци и умови се веќе целосно уникатни – не само поради генетиката, туку и како резултат од секвенци на развојни настани кои никогаш не можат да се повторат по точно истиот редослед.

Ова поставува јасна граница дека никогаш нема да можеме да го предвидиме интелектот и останатите индивидуални психолошки особини само врз основа на нивните генетски информации.

May be an image of text