Што се мезенхимални матичнни клетки?

Што се матичните клетки?
➡Матичните клетки се примитивни клетки кои под соодветни услови можат да се претворат во било кои клеточни делови на телото.
➡Крвта од папочната врвка и плацентата содржат најголема количина на здрави и млади матични клетки чија можност за собирање е за време на раѓањето на бебето.

Истражувачите веруваат дека терапии базирани на матични клетки може еден ден да се користат за лекување на сериозни болести како парализа и Алцхајмерова болест.

Колку видови матични клетки постојат?
➡Матичните клетки се поделени во 2 главни форми. Тие се:
ембрионски матични клетки
возрасни матични клетки (се делат на матични клетки од коскена срцевина и матични клетки од папочна врвка)

Кое е значењето на матичните клетки во медицинатa?
➡ Се смета дека идните третмани со матични клетки ќе помогнат на 1 од 3 лица кои денес живеат во светов.
Крвта од папочна врвка има убедливи предности пред останатите третмани како што се пресадување на коскена срцевина, периферна крв или лекови.

Денес веќе постојат 8 потврдени состојби кои може да се третираат со матични клетки од папочна врвка и уште многу експериментални третмани кои се во завршни фази на истражување, на пример церебрална парализа или дијабет тип 1.

May be an image of text