Деветта недела од бременоста
Вториот преглед во бременоста вообичаено се закажува во текот на деветата недела. Прегледот опфаќа контрола на лабораториските анализи кои се задолжителни пред секој преглед, a oсобено внимание се обрнува на серумското железо, чија вредност може да биде намалена кај некои трудници.
Ултразвучниот преглед е карактеристичeн поради тоа што ембрионот, иако е многумал, веќе наликува на бебе, а може да се забележи и негово движење и приказот на неговото срце кое се гледа на мониторот.
Бебето сега е со големина на плод од цреша, околу два сантиметри.
Нивото на hCG хормонот е највисок до сега, а тоа значи и дека симптомите на бременост се многу изразени во 9-та недела од бременоста.
Промена на расположение
Утринска мачнина
Често мокрење
Замор
Затнат нос
Главоболка
Фолната киселина е важна за процесите на синтеза на генетски материјал (ДНК) и правилен развој на фетусот. Ако во организмот постои недостаток на фолати, може да биде фактор на ризик за развој на разни болести во бременоста.
Наша препорака е редовно да конзумирате.
Обидете се да се одморите што е можно повеќе и уживајте во престојниот период.