Депресијата е поприсутна од кога и да било во сите општества ширум светот. Околу 264 милиони луѓе страдаат од депресија, од кои 17 милиони имаат депресивна епизода секоја година. Жените се 2 пати позасегнати од мажите кога странува збор за тешко депресивно растројство.
Депресијата може целосно да го уништи квалитетот на живот. Уште пострашно, депресијата може да настапи ненадејно и без предупредување.
Опциите за терапија на депресијата се ограничени и најчесто не ја третираат основната причина. Пациентите најчесто се обидуваат со неколку лекови или третмани пред да го откријат она што делува на нивните симптоми. Многу пациенти ќе користат медикаменти до крајот на животот. Речиси 1/3 од пациентите со депресија не реагира на конвенционалната терапија со антидепресиви.
За среќа, матичните клетки нудат надеж и за пациентите кои страдаат од тешки депресивни растројства.
Терапијата со мезенхимални матични клетки се смета како потенцијален третман за депресија, поради против-воспалителните и неуротрофните својства.
Матичните клетки се неверојатни за смирување на воспаление и поттикнување на клеточна регенерација ширум телото. Матичните клетки обезбедуваат низа против-воспалителни и хемиски фактори на раст, што ги прави исклучително интересни за подобрување на состојбата во мозокот и контрола на симптомите од депресија.
02 3133 311,
070 344 380,
070 344 056,
078 344 320
[email protected]