Четврта недела бременост – Што да очекувате?

Единствено вашето тело знае дека сте бремени.
Почнува прекрасен, но и посебен период во вашиот живот!

Ако на крај од оваа недела направите тест за потврдување на бременоста, сигурно ќе покаже и втора црта, црта на животот.

❣️Честитки мама и тато❣️

Иако сте бремени сосема е веројатно дека ќе чувствувате слични симптоми и како пред добивање менстуација: болки во долниот дел на стомакот, отеченост и болки во градите, подуеност и сл.

Во оваа недела оплодената јајце клетка достигнува должина 0,1 милиметар, го завршува својот пат низ јајцеводот и стигнува до матката. Таму бара најсоодветно место и се вгнездува во меката слузокожа која еден месец се подготвувала за нејзиното доаѓање. Дури пред вгнездувањето ембрионот поради клетките кои се делат и стануваат многубројни, се преобликува во меур кој се нарекува бластоциста чиј радиус изнесува 0,2 мм.

На самиот почеток на бременоста, многу е важно бремената жена да има оптимално ниво на фолати во своето тело, витамини кои играат клучна улога во процесот на формирање и затворање на нервната цевка во фетусот. Фолатите придонесуваат за спречување на развој на дефекти и нарушувања на невралната туба, како што се спина бифида и аненцефалија. Тие исто така поттикнуваат правилна поделба на клетките и придонесуваат за раѓање на бебе со оптимална телесна тежина

May be an image of 1 person, child and text that says '4TA HeAeлa oA 6pemeHocT NIFTY® ® Non-Invasive Fetal TrisomY Non-Ivav test'