Шеста недела бременост – Што да очекувате?

Добредојдовте во 6-тата недела од бременост.
Оваа недела, вашето бебе почнува повеќе да личи на бебе – главата на вашето малечко се обликува, додека образите, брадата и вилиците исто така почнуваат да се формираат.

Можеби се справувате со утринска мачнина и замор, заедно со други рани знаци на бременост како:
➡метален вкус во устата
➡болни гради
➡промени во расположението
➡главоболки
➡зголемено чувство за мирис
➡почеста потреба да мокрите
➡грчеви, малку како менструални болки

Вашето бебе, или ембрион, е долго околу 6 мм, што е приближно со големина и облик на зрно грав.

Лицето на вашето малечко добива облик оваа недела, а почнуваат да се формираат образите, брадата и вилиците.

Срцето на бебето се подготвува!
Групата клетки што ќе станат срцето на вашето бебе почнува да пулсира некаде по 5-та недела. Од 6-та недела од бременоста или подоцна, можеби ќе можете да ја видите (и/или слушнете) срцевата активност за прв пат на ултразвук, точниот тајминг кога може да се открие варира малку.

Обидете се да се одморите што е можно повеќе и уживајте во престојниот период.

May be an image of 1 person and text that says '6TA HeAeлa oA 6pemeHocT NIFTY Non-Invasive Fetal Trisom test'