Клетките во човечкото тело се диференцирани, односно може да извршуваат точно одредена и само таа функција, на пример црвените крвни клетки пренесуваат кислород итн.
Матичните клетки се недиференцирани, односно се т.н. “бланко” клетки – тоа значи дека може да се развијат во кои било клетки кои би извршувале различни функции во различни делови од телото.
Бидејќи матичните клетки може да се претворат во најразлични видови клетки, тие може да се користат за лекување на многу болести.
Регенерација на кожа: со матични клетки може да се обнови и до 80% од кожата, оштетена од најразлични причини.
Срцевиот мускул е ткиво кое не се обновува. Токму затоа трансплантацијата на срце е за сега единствен излез за луѓето со тешки заболувања или оштетувања на срцето. Научниците континурано работат за “програмирање” на матичните клетки да го обноват срцевиот мускул.
Очи: матичните клетки имаат потенцијал за третман на оштетен вид, посебно терапии насочени кон обновување на епителот од пигментот на мрежницата (ретина). Клинички е докажана ефикасноста на матичните клетки во лекувањето на макуларна дегенерација настаната поради напредна возраст.
Мускули: матичните клетки може да се користат за третман на состојби како што е на пр. мускулна дистрофија.
Нервното ткиво, исто како срцевиот мускул, не се обновува. Штом ќе се оштети ткивото на мозокот, не постои начин да се надомести, а за разлика од срцето овде не постои можност за трансплантација. Токму затоа, ова е една од најинтересните истражувачки области за примена на матичните клетки. Досегашните студии укажуваат на тоа дека матичните клетки може да се употребат за третман на Паркинсовова болест.
Панкреас: матичните клетки имаат потенцијал за лекување на дијабет, за што се во тек неколку клинички студии со првични резултати кои за сега ветуваат успех.
Крв: матичните клетки може да се користат за создавање крв, како алтернатива на крводарителството.