Уживајте во моментите кога Вашиот стомак расте!
Во овој период секој ден треба да Ви биде посебен!
Бременоста е причина за неизмерна среќа која со задоволство ја споделувате со најблиските.
Симптомите на бременост се индивидуални за секоја жена, и за разни бремености кај една иста жена. Симптомите се многу слични на оние симптоми пред добивање менструација. Најсигурно сомнежите ќе ги потврди домашниот тест за бременост или Вашиот гинеколог.
Што точно се случува во Вашето тело и како се одвива процесот на неделниот раст и развој на бебето, ви објасуваме секоја среда.
Прва недела.
Бременоста трае околу 40 седмици, почнувајки да се брои од првиот ден на вашата последна менструација. Запомнете го овој ден, затоа што тоа е важна информација за Вашиот лекар и за следењето на бременоста.
Гинеколозите три месеци пред бременоста препорачуваат конзумирање на 400 микрограми фолна киселина, што претставува дневна потребна количина и помага при затворање на кичмениот канал кај ембрионот.
Јајце клетката и сперматозоидот сѐ уште не се споени, што значи зачнувањто сѐ уште се нема случено. Во Вашите јајници почнуваат да созреваат повеќе фоликули, од кои еден ќе стане доминантен и од него ќе биде ослободена јајце клетката, а тоа веројатно ќе се случи кон крајот на следната недела. Оваа недела е идеален почеток да престанете со нездравите навики и доколку досега не сте внимавале на исхраната, дојде времето да почнете. Се препрачува да се прекинат цигарите, алкохолот и да се консултирате со доктор доколку примате други лекарства.
Запомнете, бременоста е неверојатен период кога мајката и бебето поминуваат низ многу промени заедно. Уживајте во секој миг.