ГЕНЕТСКИ ТЕСТОВИ

Access To Genome

Access To Genome

http://www.atg-labs.gr/

Неодамнешниoт научен и технолошки развој на полето на молекуларната дијагностика, ја истакнаа клиничката генетска лабораторија во мултидисциплинарна единица, со сеопфатни цели на навремено превентивно биомедицинско тестирање, сигурна дијагностика - студија на болести и индивидуална реакција на широк спектар на медицински третмани. Сигурна примена на овие технолошки откритија остварени преку практикување на современи дијагностички методи во услови на висока научна специјализација и експертиза. Дијагностичкиот центар АTG дава моќ и ги интегрира најиновативните научни методи од областа на генетската дијагностика, а искусниот и високо обучен научен персонал, гарантира максимална сигурност и брзина на сите понудени услуги.

 

ATG, во согласност со современите дијагностички податоци, е дизајниран да го подобри плодниот соживот на група научници и инвеститори кои веруваат во иновативни идеи и апликации. Компанијата има основано лаборатории во Солун (Северна Грција) и Атина (Јужна Грција), кои се целосно опремени со најсовремена биомедицинска опрема. Нивните услуги се насочени кон молекуларни генетски и цитогенетски анализи кои доведуваат до откривање на многу различни генетски заболувања пренатално и постнатално, на генетско скринирање и дијагностицирање, на генетика на карцином, како и на молекуларно откривање на микроорганизми и вируси (како ХПВ).

Веќе од моментот на нејзиното основање, дијагностичките единици на ATG – Access To Genome се интегрираат во меѓународните мрежи на внатрешна и надворешна контрола на квалитетот и организирање на генетски лаборатории, како што се UKNEQAS (UK National External Quality Assessment Schemes), и CEQAS Cytogenetic External Quality Assessment Service), додека веродостојноста на лабораториските наоди / резултати е заверена од системот за управување со квалитетот според ISO9001 стандардот и ISO15189 стандардот за клинички лаборатории.

Закажи консултација