Научниците идентификуваа клучен стадиум во создавањето на цревниот нервен систем користејќи матични клетки

Минатата година истражувачите остварија ново, револуционерно откритие од областа на терапијата со матични клетки. Новиот пресврт се однесува на тоа како се формира цревниот нервен систем, што може да доведе до нови третмани за невродегенеративните болести, како што е на пример Паркинсоновата.
Научниците успејаа да идентификуваат клучен стадиум во создавањето на цревниот нервен систем, користејќи матични клетки. Цревниот нервен систем содржи помеѓу 400-600 милиони нерви и е клучен за секојдневните функции како што се варење на храната, апсорпција на течностиte и комуникација со имунолошкиот систем.
Заболувањата на цревниот нервен систем често се поврзуваат со животно-загрозувачки болести на дигестивниот систем, како што е на пример болеста на Hirschprung, кај која недостасуваат овие нерви. Последните истражувања исто така укажуваат дека Паркинсоновата болест започнува во цревниот нервен систем пред да стигне до мозокот.
Наодите од ова откритие ветуваат дека матичните клетки ќе можат да се користат за третман на заболувања на цревниот нервен систем, па дури и Паркинсоновата болест.
May be a cartoon of text