Кога жената е бремена, клетки од бебето преоѓаат во крвотокот на мајката и се враќаат назад во бебето, што се нарекува “фетално-мајчински микрохимеризам”.
Вкупно 41 седмици, клетките циркулираат помеѓу бебето и мајката, а откако детето ќе се роди, многу од овие клетки остануваат во телото на мајката, оставајќи траен траг во ткивата, коските, мозокот и кожата на мајката, понекогаш и со децении. Студиите укажуваат дека клетки од бебето остануваат во мозокот на мајките дури и 18 години откако се породила. Секое дете кое мајката го носи ќе остави ваков траг во нејзиното тело.
Дури и ако бременоста не заврши со породување или настане абортус, клетките од бебето мигрираат во крвотокот на мајката.
Истражувањата докажуваат дека ако срцето на мајката е повредено или оштетено, клетките од бебето ќе мигрираат на место од повредата и ќе се видоизменат во клетки кои се специјализирани за поправка на срцето.
Бебето ја одржува мајката, додека мајката го одржува бебето.
Неверојатно, нели?
Токму затоа одредени болести на жената може да исчезнат додека е бремена.
Неверојатно е како телата на мајките го штитат бебето по секоја цена, а бебето ја штити и поправа мајката – за да може безбедно да се развива и преживее.
Помислете за миг на сите моменти кога имате потреба од чудна храна. Што ли му недостасувало на бебето за да ја поттикне мајката да го внесува токму тоа во нејзиниот организам?
Ако сте мајка сигурно го знаете моментот кога интуитивно го чувствувате детето дури и ако не е во близина. Епа сега има научен доказ дека мајките носат дел од децата во себе и со децении откако ги родиле.
Едноставно прекрасно.