Четиринаесетта недела бременост – Што да очекувате?

Добредојдовте во 14тата недела од Вашата бременост!

Вие сте во четвртиот месец од бременоста. Уште само 5 месеци до крајот!
Во 14-та недела од бременоста, многу идни мајки почнуваат да се чувствуваат погладни, поенергични и имаат помалку мачнини бидејќи симптомите на раната бременост почнуваат да се намалуваат.Во меѓувреме, вашето бебе ја зголемува телесната тежина од ден на ден и можеби ќе почне да му расте малку коса.
Во 14-та недела, вашето бебе расте и се развива брзо, со должина околу 11 cm и тежина околу 45 g, со големина на лимон и речиси постојано е во движење.
Главата станува позаоблена и попропорционална со остатокот од телото. Вашето бебе клоца наоколу, но вие веројатно сè уште нема да го почувствувате тоа.
Благодарение на мозочните импулси, мускулите на лицето на вашето бебе се тренираат. Тие можат да се намуртат и да прават гримаци, а исто така се прават и движења за цицање и џвакање.
Врвот од матката е малку над срамна коска, што може да биде доволно за да се забележи растењето на стомакот. Време е за шопинг!
Оваа недела се случуваат промени и во Вашето тело. Може да забележите
➡Крварење на непцата
➡болка во кружниот лигамент (Кружните лигаменти се лигаментите кои ја поврзуваат матката со карлицата и ја држат матката на место. Тие наликуваат на две јажиња поставени на секоја страна од матката со должина околу 10 до 12 сантиметри).
➡Зголемен апетит
➡Престојниот период обидете се да одморете, обрнете внимание на целокупното Ваше држење на телото и движењето, сменете ја положбата на телото доколку почувствувате болка или неприлагодност, нежно масирајте ја областа или направете топла бања.
Имајте вo предвид дека Вашето тело интензивно работи. Одморот е добредојден секогаш.

May be an image of 1 person and text that says '14Ta HeAeлa oA 6pemeHocT NIFT® Non-Invasive Fetal TrisomY test'