Tест за генетски скрининг на новороденчиња и деца до 5 годишна возраст

Во светот се водат јавни програми за скрининг на наследни заболувања и други нарушувања на новороденчињата.Сепак, повеќето држави во своите програми вклучуваат само некои нарушувања, оставајќи секоја година илјадници новороденчиња без скрининг за бројни потенцијални нарушувања.
BGI дијагностика и Гинекаликс го нудат NOVA™ тестот, скрининг тест за новороденчиња и деца до 5 годишна возраст со кој се одредува ризикот од 87 наследни нарушувања и обезбедува персонализирана генетска информација за веројатноста на одговор на 32 педијатриски лекови.

 

Рани одговори за Вашето најмило

Секоја година приближно 7.9 милиони новороденчиња ширум светот се раѓаат со вродени аномалии, а при тоа делуваат навидум здрави и потекнуваат од родители без историја на заболувања.

Дел од нив поминуваат незабележани сѐ до појавата на тешки и честопати иреверзибилни симптоми подоцна во животот.

Рана детекција на нарушувањата би овозможила навремена медицински интервенција, пред да предизвикаат посериозни и понекогаш трајни здравствени проблеми.

 

Фармакогенетика

 Кај новороденчиња со специфични варијации во геномот не можат правилно да се метаболираат одредени лекови и поради тоа се изложени на зголемен ризик од несакани реакции.

NOVA™ овозможува добивање персонализирана генетска информација за веројатноста на одговор на 32 педијатриски лекови овозможувајќи им на здравствените работници олеснето и безбедно препишување на лекови за ефикасен третман на болеста.

 

Сигурен избор за генетски скрининг

  • Едноставен и неинвазивен – Тестот може да се изведе со само 3 капки крв добиени со пункција на пета од новороденче
  • Точен – Positive predictive value (PPV) >99%
  • Флексибилен – Според барањата на родителите има различни можности за тестирање
  • Ран – Може да се изведе само 24 часа по раѓањето
  • Брз – Резултатите се добиваат за само 15 дена
  • Сигурен – Поддржан од светски водечката база за генетски податоци на BGI и долгогодишното искуство што тие го поседуваат

 

Презентација: Проследете ја деталната презентација за NOVA™ со кликање на овој линк