Во последната деценија, развојот на генетиката и неверојатниот напредок на генетската технологија го промени нашето разбирање за болестите, ја олесни нивната дијагноза и овозможи ефикасни третмани.
Светот на пренатални тестови беше трајно променет со доаѓањето на новиот не-инвазивен пренатален тест заснован на ДНК. Беше воведена високо точна скрининг стратегија за фетални анеуплоидии.
NIFTY беше еден од првите не-инвазивни пренатални тестови кој влезе во фаза на клинички испитувања во 2010 година и беше одобрен за комерцијална употреба во 2013 година. NIFTY понуди скрининг за сите најчести трисомии, како и тестирање за анеуплодии на половите хромозоми и одредени хромозомски делеции/дупликации. NIFTY понуди значително посилни индикатори за ризик во споредба со традиционалните процедури и до денес е најсеопфатниот не-инвазивен пренатален тест на пазарот.
Зошто да одберете NIFTY?
Безбедност
Тестот е не-инвазивен и нема никаков ризик за спонтан абортус
Едноставност
Примерок од само 10мл мајчина крв почнувајќи од 10-тата седмица на бременоста
Точен
Докажана >99% чувствителност за T21, 18 & 13, врз основа на клиничка студија на речиси 147,000 бремени жени
Сигурен
До денес се направени преку 5,000,000 NIFTY тестови во повеќе од 80 држави во светот
Сеопфатен
Скрининг за 96 различни генетски состојби.