This post is also available in: English (English)
Ози Озборн покажал неверојатно закрепнување по терапија со матични клетки во Панама во третманот на Паркинсонова болест. Легендарниот предводник на „Black Sabbath“ бил дијагностициран со Паркинсонова болест во 2003 година, а неодамна ја одложил турнејата во Северна Америка во 2020 година за да може да оди на експериментално ново лекување.
Паркинсоновата болест е невродегенеративно нарушување кое се манифестира со крути и нефлексибилни мускули, проследени со бавно движење и тремор. Може да предизвика и низа други физички и психолошки симптоми, како што се депресија, несоница и губење на меморијата.
Иако сè уште не се објавени детали за третманот со матични клетки на Ози, се чини дека терапијата покажала позитивен ефект врз неговите симптоми; а со тоа и подобрување на квалитетот на животот. Говорејќи за неговото закрепнување дома, ќерката на Ози, Кели, изјавила:
„Да се забележи овој напредок по само еден третман со матични клетки е неверојатно. Тој сака да стане и да биде активен и повторно да биде дел од светот. Кај него се забележува подобрување во одењето, раскажувањето и намалување на неговите симптоми. Дополнително му е вратена јачината на мускулите што му е потребна по повредата на ‘рбетот.“
Приватните клиники, како онаа каде што е изведен третманот на Ози, нудат терапии со матични клетки за Паркинсонова болест, но сè уште не се докажани клинички. Сепак, случаите како овој во комбинација со почетни истражувања им овозможуваат на научниците понатака да развијат одобрен третман.
Клер Бејл, шеф за истражување на Паркинсоновата болест во Велика Британија, објави изјава по терапијата на Ози:
„Матичните клетки … ветуваат многу … Во Велика Британија за Паркинсоновата болест водиме почетно истражување, вклучително и испитување на матичните клетки, за да најдеме подобри третмани и лек. Луѓето погодени со оваа болест исто така имаат витална улога, преку учество во истражувањето со кое придонесуваат за новите третмани да одат напред.“
Референци:
https://engnews24h.com/ozzy-osbourne-is-recovering-from-stem-cell-treatment/
https://www.parkinsons.org.uk/news/parkinsons-uk-comments-ozzy-osbournes-stem-cell-treatment