This post is also available in: English (English)
Кога Максим и неговата сестра близначка се родиле пред 7 во Украина, нивната мајка Олга веќе донела одлука да ги складира матичните клетки на од крвта од папочната врвца со нивното раѓање. Иако двете близнаци на почетокот изгледале здрави, само после неколку месеци Максим почнал да го губи апетитот и да спие лошо.
Откако првично бил дијагностициран со интолеранција на лактоза на возраст од 3 години, лекарите откриле дека Максим е всуштност аутистичен и покажал други нарушувања.
„По серија на прегледи, лекарите поставија прелиминарна дијагноза: аутистичен спектар синдром. Потоа, на списокот на веројатни заболувања беа додадени дисартрија, алалија, ехолалија и когнитивно оштетување, со други зборови, заболувања поврзани со сериозни нарушувања на менталната функција. Тешко е да се лекува дете без специфична дијагноза, но ги следев упатствата од страна на докторите.“ – изјавила Олга, мајката на Максим.
Со надеж за подобрување на својата состојба, Максим поминал низ различни третмани и терапии со лекови – но ниту еден од нив не бил ефикасен. Тогаш родителите на Максим решиле да се обидат да ги користат нивните матични клетки од крвта на папочна врвца, кои биле зачувани за него при раѓањето.
За кратко време Максим бил префрлен во болницата во Украина и започнал со терапија со матични клетки. Овој пат, третманот бил успешен. Максим почнал да ги фокусира очите, да слуша говор од другите и да е респонсивен. Тој дури почнал да ужива во боење и учење на азбуката.
По неодамнешниот втор третман со матични клетки со примерокот на крв од неговата сестра, состојбата на Максим направила дополнителни подобрувања и тој веќе почнал да оди на училиште.
„Се плашев дека ќе останам таква засекогаш – да бидам мајка, и да не бидам мајка истовремено … Дополнително сега сум сигурна дека можеме да ги поминеме сите тешкотии и нашето семејство ќе биде среќно! Кога би можела, би извикала дека матичните клетки прават чуда!“ – Извавила мајката на Максим
Иако се проценува дека 1 од 100 луѓе во Велика Британија се со аутистичен спектар синдром, има само околу 4.000 дијагностицирани во Украина. Се надеваме дека медицинските достигнувања како што се терапијата со матични клетки може да отворат можности за повеќе дијагностицирање и третмани на аутизам во Украина и во целиот свет.
Референци:
https://parentsguidecordblood.org/en/news/maksims-cord-blood-therapy-autism

