This post is also available in: English (English)
Сè што треба да знаете
Зошто треба да ја разгледувам опцијата за транспорт?
Квалитетен примерок е примерок кој е богат со матични клетки и за време на транспортот, што бара дополнителен бара дополнителен слој за заштита за да се обезбедат соодветни услови.
Температурата и времето се најголеми ризици за матичните клетки бидејќи тие се сензитивни што значи дека тие можат да деградираат со тек на времето. Затоа, според Водичот за родители за крв и ткиво од папочна врвца се советува да се направи избор на соодветна банка која овозможува соодветен кит кој е издржлив и кој обезбедува стабилна температура во внатрешноста на китот.
Дали е можен меѓународен транспорт?
Да. Бидејќи свеста за зачувувањето на матични клетки значително се зголемува во последните неколку години, никој не ви гарантира дека во државата каде што се наоѓате е лоцирана и најискусна и најквалитетна биобанка. Илјадници родители затоа се одлучуваат да зачуваат матични клетки на меѓународно ниво, со што вообичаена пракса претставува транспортот со авион кој се повеќе го користат јавните и приватните банки ширум светот.
Како може еден примерок да се заштити додека е „во воздух“?
Воздушниот транспорт е вообичаен тип на транспорт кој се практикува со години и никогаш немало докази дека воздушните патувања го компромитираат квалитетот на било кој начин. Ако примерок е ставен во контејнер што ги одржува потребните услови, примерокот може да се транспортира на какви било средства.Понатаму, со неодамнешната студија заклучи дека транспорт на крв од папочна врвца со авион е сигурен начин на испорака и ефикасен метод за брзо добивање на примероците за обработка.
Погледнете го целиот научен труд за ефектите на воздушниот сообраќај врз примероците
Како Future Health го врши транспорот?
Во Future Health имаме 18-годишно искуство и имаме изготвено сет за колекција со посебен акцент на одржувањето на стабилноста на примерокот за време на транспортот со авион. Веднаш по пакувањето, овој комплет контролиран на температура се транспортира до лабораторијата на Future health укористејќи процедури кои обезбедуваат минимално време за транзит. Ние исто така имаме долгорочни односи со нашите курири за да гарантираме приоритетна пратка. Ова резултира со минимална загуба на клетките и е најдобра процедура за испорака на овој тип на примероци.
Што содржи Future Health китот?
Меѓу најважни работи за безбедно одржување на примерокот, секој сет содржи и сопствен NanoCoolⓇ систем на ладење со напредна евапорирачка технологија кој се активира со еден допир. Нашите уникатни сетови за колекција содржат и записник на податоци,со кои се следи температурата на примерокот во секој момент за време на транспортот.
Што доколку ми е потребен примерокот?
Ако некогаш ви е потребен примерокот за искористување, транспортот и испораката е бесплатна на кое било место во светот. Ние користиме свој медицински одобрен курир за директно транспортирање на примероци, 24/7.
Референци
1) Harris, D. T. et al. (2010) Studies on practical issues for cord blood banking: effects of ionizing radiation and cryopreservation variables. Open Stem Cell J. 2, 37–44.
2) Vowels, M. R. et al. (2005) Effect of Storage Time and Temperature on Fresh Unprocessed Cord Blood. Blood 106 (11) 5272.