Матичните клетки од заби се посебни клетки кои живеат во внатрешноста на нашите заби. Овие матични клетки се формираат за време на 6-та недела од развојот на бебето во утробата.
Тие содржат уникатни мезенхимални матични клетки (MSCs) кои имаат потенцијал да се користат во широк спектар на медицински третмани, како што се регенерација на ткива и коски.
Кога млечниот заб на Вашето дете ќе падне, вообичаено помеѓу 6-та и 12-та година, може да биде испратен до нас и ние да ги зачуваме матичните клетки од еден или повеќе од нив, во случај на Вашето дете или друг член од семејството да му бидат потребни, со цел да се лекуваат некои идни здравствени состојби.
Future Health има развиено технологија, експертиза и грижа да ги задржи забните матични клетки на Вашето дете сигурни, здрави и подготвени во случај да бидат некогаш потребни.