Доколку сè уште се размислувате дали да инвестирате во матични клетки за вашето бебе, би сакале да споделиме со вас една студија која ја потенцира важноста на складирање на матични клетки и како тие можат да помогнат понатаму во животот.
Во јуни 2019 година, 46-годишен пациент кој претрпел мозочен удар два часа претходно, влегол во тајванската Универзитетска болница Цу Чи и станал кандидат за студијата за мозочен удар од крв од папочна врвца. Лекарите добиле основна слика со магнетна резонанца од неговиот мозок и било испратено барање до банката за крв од папочна врвца да се најде донирана единица за крв од папочна врвца што ќе одговара на пациентот.
Била пронајдена единица крв од папочна врвца која одговара на 46-годишниот пациент со мозочен удар. Примерокот бил од бебе кое се родило 17 години претходно во Тајван.
Терапијата со крв од папочна врвца беше спроведена на пациентот на 8-ми ден по неговиот мозочен удар. Пациентот, исто така, примил четири инфузии од 100 ml манитол, диуретик, за да помогне во намалувањето на притисокот врз мозокот.
Во март, 2022 било објавено дека пациентот имал потполно закрепување, иако пред терапијата бил парализиран на едната страна.
Прочитајте повеќе за студијата: https://futurehealthbiobank.com/…/stroke-patient…/